Уапсен убиецот кој изрешета луѓе во трамвај во Холандија

Според последните информации, во нападот на трамвајот во холандскиот град Утрехт загинале три лица, а најмалку 9 се повредени. Напаѓачот, меѓутоа, кој е идентификуван како 37-годишниот турски државјанин Гокман Танис, наводно имал намера да убие само едно лице.

Според неговите роднини, пренесува турската агенција „Анадолија“, Танис сакал да убие конкретно лице „од семејни причини“. На останатите пукал затоа што се обиделе да му помогнат на ранетото лице кое прво било застрелано.

Во меѓувреме, напаѓачот од Утрехт е уапсен во Данска. Информацијата ја објави данската полиција.

Холандските служби првично го истражуваа случајот како терористички чин.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.03.2019 - 23:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега