Уапсен разбојник од Скопје

Скопјанец со закана со остар предмет во близина на железничката станица на минувач му одзел мобилен телефон, паричник и торбичка. Рзбојникот е пронајден и приведен од страна на полицијата.

Од МВР соопштија дека денеска полицајци од ЕВР ОКР Гази Баба го лишиле од слобода Е.И. (27) од Скопје поради извршено кривично дело разбојништво.

-Тој вчера на улицата „Вера Радосавњевиќ“, во близина на железничката станица, со закана со остар предмет извршил разбојништво над М.Д. и му одзел мобилен телефон, паричник и торбичка. Веднаш по пријавувањето на случајот се преземени соодветни мерки и активности и сторителот е пронајден и приведен, а пронајдени се и одземените предмети, се наведува во соопштението.

По документирање на случајот ќе биде поднесена содветна пријава до надлежното обвинителство.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.10.2020 - 16:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега