Уапсен маж од Неготино за надрилекарство: За течности и креми наплаќал и по 100 евра

 

ОВР Неготино поднесе кривична пријава против З.Ѓ.(46) од Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „надрилекарство“.

Во временскиот период од 2015 до 18.10.2019 во Неготино, пријавениот во својот дом, со намера да прибави противправна имотна корист за себе, без пропишана стручна подготовка од надлежен државен орган, се претставувал како поранешно медицинско лице и се занимавал со лекување и давање медицинска помош, преку продажба на т.н. лекарства  за повеќе болести кај луѓето.

За лекарствата, кои биле во форма на течности и креми,  наплаќал по 5.000-6.000 денари. На 18.10.2019 од полициски службеници бил извршен претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело за кое се сомничи. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.08.2020 - 16:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа