Уапсен малолетник поради тешка кражба во скопски Аеродром

17-годишно лице од Скопје е уапсено поради тешка кражба во продавница на подрачјето на скопски Аеродором, соопшти полицијата.

Според информации од таму, вчера од полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Аеродром е приведен 17-годишник од Скопје, кој непосредно пред тоа извршил тешка кражба во продажен објект на подрачјето на Аеродром.

Во координација со Јавен обвинител за малолетници и во присуство на родител со него е извршен разговор, при што тој во целост го признал делото и го појаснил начинот на извршување.

По комплетно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од полицијата.

28.07.2021 - 10:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега