Уапсен капетан на војската на Србија, една година ја силувал својата ќерка

Маж од околината на Лесковац, кој бил капетан во војската на Србија, бил уапсен поради сомнеж дека една година ја силувал својата 14-годишна ќерка.

Српски „Курир“ објави дека мажот бил уапсен вчера, откако полицијата добила пријава за злоупотреба на дете од Центарот за социјална работа.

„На активно воено лице му се ставени лисици на раце и потврдено е дека тој ја силувал својата ќерка од ноември 2021 година во станот во кој живееле“, откриваат од полицијата.

За случајот се дознало кога пристигнала пријавата од Центарот за социјална работа.

27.08.2022 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа