Уапсен грчки полицаец откако со службениот пиштол извршил 11 кражби

Грчки полицаец е уапсе рано изутрината откако извршил кражба на две бензински пумпи и одзел вкупно 690 евра. Тој со службеното оружје во текот на декември минатата година извршил уште девет кражби.

Како што соопштуваат од грчката полиција, 29-годишниот полицаец стои зад вкупно 11 кражби, од кои 10 на бензински пумпи и една на трафика. Кражбите ги направил во четири различни атински населби. 

Најголем број од грабежите ги извршил во текот на декември мината година, кога од осум бензински и една трафика одзел вкупно 4400 евра.

Полицаецот, ќе одговара за кражби и прекршување на законот за оружје, ќе биде изведен пред јавен обвинител и е привремено отстранет од службата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.02.2020 - 18:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега