Уапсен директорот на Ауди

Германската полиција утрово го уапси првиот човек на Ауди Руперт Штадлер. Во краткото соопштение на обвинителството во Минхен се потврдува дека денес е издаден налог за негово апсење заради вмешаноста во дизелгејт аферата.

Под сомнение дека може да влијае на истрагата и да ги прикрие доказите, судот му одреди притвор. Непријатната вест е потврдена од групата Volkswagen, која сега ќе се соочи со раководечка криза.

Минатата недела полицијата изврши претрес во неговиот дом, но не беше соопштено ништо околу тоа дали се пронајдени компримитирачки материјали.

Штадлер досега е највисокиот раководител од VW кој се најде зад решетки. Интерната истрага спроведена од групата во 2016 година не најде докази дека тој знаел за тоа што се случува со софтверот на дизел моторите иако медиумските извештаи тогаш тврдеа поинаку. Руперт Штадлер е на чело на Audi од 2007 година.

 

 

 

18.06.2018 - 21:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега