Уапсен Боки 13

Денеска е уапсен Бојан Јовановски, познат како Боки 13 сопственик на 1ТВ, дознава Фактор.

Полицијата го привела на граница поради сомневање за рекет.

Приведен е и бизнисменот Зоран Милески познат како Зоки Кичеец. Тој е близок со поранешениот директор на УБК Сашо Мијалков. Тој е уапсен во еден скопски ресторан.  

Инаку, неодамна се појави и информацијата дека е блокирана сметката на 1ТВ, а тие негираа.

- „Во врска со тенденциозните информации објавени во одредени медиуми дека е блокирана сметката на 1ТВ, Менаџментот на телевизијата ја информира јавноста дека сметката на 1ТВ е активна, што може да се утврди и со увид  во банкарска потврда. Воедно, ваквите дезинформации ги оценуваме како злонамерни, кои имаат за цел да го нарушат угледот на телевизијата, предизвикувајќи и материјална штета, но и да внесат забуна кај клиентите и гледачите.“ - стои на веб сајтот на 1ТВ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.07.2019 - 14:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега