Уапсен американски функционер - учествувал во нападот на Капитол

Министерството за правда на САД вчера соопшти дека е уапсен избран функционер од Ново Мексико поради поврзаност со нападот на Капитол на 6 јануари, по што тој изјави дека има намера повторно да замине во Вашингтон со огнено оружје во знак на протест против инаугурацијата на Џо Бајден.

 

Куој Грифин, окружен функционер во Ново Мексико и основач на групата наречена „Каубои за Трамп”, беше меѓу илјадниците кои упаднаа во Капитол обидувајќи се да спречат Конгресот да ја потврди победата на демократот Бајден над републиканскиот претседател Доналд Трамп. Тој стоел на скалите на зградата, но не влегол во неа.

Властите соопштија дека тој се вратил во Ново Мексико по бунтот, каде на 14 јануари на состанокот на Советот на округот Отеро изјавил дека планира да се врати назад во Вашингтон со пушка и револвер во знак на протест против инаугурацијата на Бајден оваа среда.

Не беше веднаш јасно дали Грифин носел огнено оружје кога бил уапсен во неделата. Тој е обвинет затоа што нелегално влегол и останал во забранетата зона.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.01.2021 - 08:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега