Уапсен 64-годишен скопјанец кој вршел измама

Вчера, полициските службеници уапсиле лице, 64-годишен скопјанец за издржување казна затвор, кој извршил кривично дело измама.

„На 21.09.2021 околу 15.30 часот на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје – Полициска станица Карпош, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода Б. А.К.(64) од Скопје за издржување затворска казна за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната“-се вели во соопштението на МВР.  

22.09.2021 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа