Уапсен 51-годишен скопјанец, баран по потерница

Полициските службеници од Скопје, успеале да го приведат 51-годишниот скопјанец, кој бил баран по потерница.

„Денеска (17.09.2021) на ул.„Бранко Заревски" во Скопје, полициски службеници од ЕВР Кисела Вода-Отсек потраги, врз основа на распишана централна потерница, го лишиле од слобода Д.Р.(51) од Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 235 став 1 од Кривичниот законик“-известија службите на МВР.

17.09.2021 - 14:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега