Уапсен 32-годишен скопјанец дилер на дрога

Полицијата вчера во утринските часови, уапсила 32-годишен скопјанец кај кого била пронајдена и одземена дрога.

„На 22.09.2021 во 06.40 часот,  полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Гази Баба и Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.А.(32) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен Кривичен Суд Скопје, била пронајдена и одземена  марихуана“-се вели во писменото соопштение на МВР.

Дилерот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

23.09.2021 - 10:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега