Уапсен 18-годишен Грк во Скопје

Полициските службеници на територија на Скопје имаа полни раце работа, па така уапсија неколку лица за марихуана.

„На 29.11.2022 во 00.30 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.С.(18) од Република Грција, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана“, информира МВР.

Други случаи со апсења за марихуана се забележани и во Карпош.

„На 28.11.2022 во 20.30 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Д.(32) од делчевско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

На 28.11.2022 во 20.00 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана“, информираат од полицијата.

По документирање на сите одделни случаи против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава. 

29.11.2022 - 14:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега