Творецот на руската вакцина открива: Дали е можно да се заразите по вакцинацијата

Директорот на Центарот за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, Александар Гинзбург, откива како ја регистрирале првата вакцина на светот против коронавирусот, како по вакцинацијата со „Спутник V“ може повторно да се заразите и кој е најсмешниот мит за вакцината.

„Многу нè насмеа информацијата дека руски хакери од Институтот Гамалеја го украле рецептот за изработка на лекот од АстраЗенека. По некое време Кирил Дмитријев на Твитер се пошегува кога се појавија резултатите од АстраЗенека дека нивната вакцина е ефикасна од 65 до 70 отсто и дека доколку нè обвинуваат дека сме го украле нивниот рецепт мора да се „оддолжиме“ и подготвени сме да предложиме друга компонента на нашата вакцина за да ја зголемиме ефикасноста на нивната.

И на сеопшто изненадување, АстраЗенека ја прифати понудата. Како што се сеќавате, по извесно време, во присуство на нашиот претседател, потпишан беше меморандум за соработка со раководството на АстраЗенека. Тоа е целата приказна, а заврши со сериозна заедничка работа“, раскажал Гинзбург за „Спутник“.

На прашањето дали вакцината може да влијае лошо на човечкиот ген, Гинцбург вели дека одговорот е јасен - не може!

„На генот на човекот може да влијае тоа што може да се интегрира во човечкиот ген или на некој начин да влијае на структурата на ДНК. А, ДНК структурата на нуклеинската киселина е добро позната. Јасно е на кој начин на неа може да се влијае. Доколку препаратот во човечкиот организам се размножува, тогаш тој никако не може да се интегрира и да стапи во реакција со нашата нуклеинска киселина. Така што Спутник V никако не може да влијае на нуклеинската киселина, ниту на наследувањето, ниту на било која друга работа поврзана со промената на нашиот наследен материјал“, изјавил тој.

Гинзбург објаснил и како да се лечи ковид-19 кај човекот доколку тој се разболи и по вакцинацијата:

„По правило, доколку по втората вакцинација човекот се разболи во рок од три седмици, кога имунитето сè уште не му е целосно формиран, тогаш како што покажало искуството, човекот се разболува во послаб облик. Затоа е потребно да се применува целиот спектар на заштитни мерки кои што вообичаено се применуваат по првата доза на вакцината и во текот на наредните три седмици по примената втора доза од вакцината“, изјавил тој.

Меѓутоа, доколку поминале три седмици по примањето на првата доза од вакцината, тогаш има 100 отсто сигурност дека пациентот не може да заболи од потежок облик на коронавирусот.

„Осум од сто луѓе можат да бидат инфицирани, но тука инфекцијата истите ќе ја поминат „од на нозе“. Единствено нешто што би им советувал на луѓето кои се инфицирани е тоа да водат грижа да не ги заразат своите блиски кои што не се вакцинирани. Поради тоа важно е сите да ги почитуваат мерките“, навел директорот на Гамалеја. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.04.2021 - 09:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега