Твитер советува: Сменете си ги лозинките

 

Корисниците на Твитер се советуваат да ги сменат своите лозинки, соопшти компанијата.

Оттаму вчера известија дека неодамна е откриен тн. „баг" којшто ги чувал лозинките во незаштитена форма, но и оти нема индикации дека имало злоупотреба на лозинки. Сепак, на корисниците им се препорачува да ги променат своите лозинки, посебно ако ја користеле и за други сервиси.

Твитер ги штити шифрите така што ги претвора во кодирана комбинација од цифри и букви, но овој „баг" довел до тоа - лозинката да биде видлива пред да се процесира тоа „маскирање". 

 

 

 

04.05.2018 - 09:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа