Твитер му го суспендираше профилот на Канје Вест

Славниот рапер и музички продуцент Канје Вест последниве месеци во повеќе наврати непријатно ги изненади и ги загрижи своите бројни обожаватели со скандалозните постапки, а капката која ја прели чашата, најверојатно е уринирањето по Греми наградите.

Вест, по се изгледа се бори силно изразена фаза од неговото биполарно пореметување, за кое јавно зборуваше, а истото го тврди и неговото семејство, кое се обидува да го врати на вистинскиот пат.

Во вчерашните испади на социјалната мрежа Твитер, Канје покрај инцидентот со Греми наградите, ги прозва и издавачките куќи, откри доверливи договори, телефонски броеви и контакти, а бараше и очајнички помош од неколку познати личности.

Бидејќи раперот„ претерал со објавите“, неговиот профил на Твитер не е избришан, туку е блокиран на 12 часа. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.09.2020 - 22:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега