Тутунарите ги живеат најтешките денови, олигархот Заев печали на нивната мака

Зоран Заев и СДСМ ги уништија македонските тутунари. Заев два месеци ги лаже тутунарите, а состојбата со откуп на тутунот е повеќе од загрижувачка. Тутунарите ги живеат најтешките денови, додека олигархот Заев печали на нивната мака преку увезениот тутун.

Ова утрово го соопшти опозициската ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека заев и СДСМ свесно ја загрозувале животната егзистенција на над 10.000 тутунари.

-Цената за откуп на тутун никогаш не била пониска од сега. Еден килограм тутун чини колку една кутија цигари. На тутунарите не им е исплатен ниту трудот, ниту маката. Жално и срамно е Заев да си поигрува со над десет илјади тутунопроизводители, се вели во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ апелираат Заев да не си поигрува со тутунарите и да не ги лаже.

-Доколку Заев и СДСМ сакаат да им помогнат на тутунарите веднаш да ги прифатат барањата на ВМРО-ДПМНЕ а тоа е: - Зголемување на субвенцијата за тутун за 100%, односно од сегашните 60, 70 и 80 денари за килограм откупен тутун субвенцијата да биде 120 денари за трета и четврта класа, 140 за втора и 160 денари за прва класа, со што ќе се надомести разликата во цената. - Државата, да интервенира со обезбедување на дополнителни финансиски средства за откуп на произведената количина тутун, останат без Договори и да ги насочи кон Тутунскиот Комбинат-Прилеп, кој ќе биде задолжен да го реализира откупот на недоговореното производство на ориентален тутун, до последен лист. - Во итна постапка да се врати старото законско решение, односно да се забрани увоз на тутун за домашните преработувачки капацитети, со единствена цел да се преработува ориентален тутун од домашно производство. -Ревидирање на мострите на ориентален тутун, во соработка со овластени и стручни претставници на тутунопроизводителите, откупувачите и МЗШВ, со што би се олеснила линијата на проверка на квалитетот на произведениот тутун и би се зголемила висината на просечната откупна цена. -Инспекторите од Државниот земјоделски инспекторат секојдневно да бидат распоредени на откупните места за да го контролираат процесот и текот на откупот, заедно со поверениците кои се поставени во заштита на интересите на тутунопроизводителите, се вели во дописот од опозицијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Заев ги извисил македонските тутунари и за тоа многу брзо ќе одговара бидејќи тутунарите не смеат да бидат оставени на цедило.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.01.2021 - 09:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега