Тушевски: Владата предводена од СДСМ покажува што значи вистинска грижа за Куманово

Вложувањата во училиштата, регионалните патишта, покачувањето на платите, пензиите, како и мерките што ги презема Владата за побезболна енергетска и економска криза се само дел од тоа што СДСМ го прави за кумановци, порача вечерва од граѓанската трибина „Силно и одлучно кон иднината“ претседателот на ОО СДСМ Куманово, Александар Тушевски.
 
Тушевски посочи дека градоначалникот Максим Димитриевски ги изиграл кумановци, но дека СДСМ во Куманово покажала што значи вистинска грижа за граѓаните, но и за стопанството.
 
„Реновирањето на средното земјоделско училиште Киро Бурназ, Гимназија Гоце Делчев, основните училишта “11 Октомври“ Куманово и  “Карпош“ во Умин Дол,  спортските сали во “Перо Наков“, “Наце Буѓони“ и “Јероним Де Рада“, како и последните одлуки на Владата - целосно ново училиште  „Сами Фрашери“ и реконструкција на кров на “Крсте Мисирков“ и “Браќа Миладиновци“ се доказ дека СДСМ  вложува во образованието и се грижи за нашите млади. Санациите и реконструкциите на сите околни патишта и мостови се доказ дека СДСМ се грижи за подобрување на условите за траспорт и транзит на граѓаните и бизнис заедницата“ порача Тушевски.
 
Тушевски пред присутните повика на единство и поддршка и најави дека Куманово повторно ќе биде бастионот на СДСМ. 
„Како најголема општинска огранизација имаме најголема одговорност – да бидеме први и најгласни во промовирањето на сите политики кои оваа Влада предводена од СДСМ ги спроведува и да не им дозволиме на нашите опоненти да се надеваат на победа. Мораме сите заедно, со многу труд и пожтвруваност да си го вратиме Куманово, да им докажеме дека Куманово е бастион на СДСМ“ истакна Тушевски. 
30.11.2022 - 21:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега