Турскиот вицепремиер ја одобри новата форма на отпор

Турскиот вицепремиер Булент Аранч ја одобри новата форма на отпор во Турција, моќта на тишината.

- Протестот на стотици луѓе, кои со часови стојат неподвижно низ улиците и плоштадите, е мирен и „убав за око“, изјави Аранч.

Стоечкиот протест во понеделникот го започна само еден демонстрант, кој осум часа стоеше исправен на истанбулскиот плоштад Таксим. Нему набрзо му се приклучија и други демонстранти, а вакви собири имаше и во други градови ширум Турција.

најчитано сега