Турски државјанин со убодни рани донесен на Клиника во Скопје

Турски државјанин со убодни рани бил донесен на Клиника во Скопје, откако бил нападнат од неколку лица, информира МВР.

- На 10.11.2020 во 21:23 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во комплекс клиники „Мајка Тереза“ бил донесен повреден 29-годишниот А.О.У. од Р.Турција, кој престојувал во Скопје, при што кај истиот биле констатирани тешки телесни повреди со кои се  здобил при физички напад на подрачје на Центар од неколку лица, а при нападот едно од лицата му нанело убодни рани со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.11.2020 - 16:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа