Турската полиција заплени четири тони хашиш

Турската полиција денеска спроведе голема полициска акција  против лица, осомничени за производство и трговија со наркотици со цел за финансирање на терористички активности, објави весникот „Сабах“.

Акцијата  во која учествувале командоси, поддржани од воени хеликоптери, беспилотни летала и оклопни возила, е спроведена во шумскиот регион околу селата Ортач и Алаза, во близина на градот Лиџе.

Во акцијата се  запленети околу четири тони хашиш. 

24.09.2013 - 16:24

најчитано сега