Турската двојка направи и забава за откривање на полот на бебето- и се исполни желбата на „Шехерзад“

Актерката Бергузар Корел, попозната како Шехерезад и нејзиниот колега и сопруг Халит Ергенч, кој го паметиме како Сулејман Величествениот, ќе станат родители по трет пат.

Додека турските медиуми пишуваа дека бракот на актерската двојка е во криза, и дека тие се разведуваат, тие очекуваат принова. Шехерезада и Сулејман неодамна ја споделија среќната вест преку Инстаграм, а сега го открија и полот на бебето. Актерката организираше забава за откривање полот, па открија дека очекува девојче.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Berguzar Korel (@berguzarkorel)

Шехерезада објави фотографија од торта со украс во облик на бебе со розов венец, и призна дека „Господ знае колку го сакаше тоа“.

Бергузар и Халит веќе ги имаат синовите Али и Хан. Двојката се венча во 2009 година и иако денес живеат во идила, нивниот брак беше проследен со неколку скандали поради наводните jeубоморни испади на актерката.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Berguzar Korel (@berguzarkorel)

20.06.2021 - 10:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа