Турканица и „тепачка“ за ваучери во Србија- за првите 50 вакцинирани по 5000 динари

 

Огромна гужва и денес во трговскиот центар „Ушче“ за вакцинирање. Редовите се формираа уште пред 8 часот наутро и сите брзаа по ваучер од 5.000 динари.

Според белградските медиуми, од белградскиот трговски центар од утрово се формирале големи гужви, иако самата вакцинација започнува во 12 часот, веќе имаше први расправии меѓу луѓето кои чекаа на ред.

Како што јвува Блиц.рс, една жена упорно се обидувала во ред со 100 луѓе да има предност, бидејќи била со мало дете.

Никој не сакал да ја пушти, па на крајот интервернирало обезбедувањето.

Инаку, вчера 350 лица беа вакцинирани во првиот час, па ваучерите за шопинг во вредност од 3.000 динари беа распродадени во првите 15 минути.

Денес првите 50 вакцинирани ќе добијат ваучер, но во вредност од 5.000 динари за набавки во продавниците на „Fashion & Friends“.

Што се однесува до сабота, првите 100 вакцинирани ќе добијат пакет подароци од „BG Electronic“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.05.2021 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега