Турција се закани: Во минатото 16 пати војувавме со Русија, можеме повторно

Советникот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, Месут Хаки Часин наговести дека Анкара е подготвена за можна војна со Русија.

Изјавата доаѓа откако тензиите во сириската провинција Индлиб ескалираа во последните 24 часа.

-Во минатото војувавме 16 пати против Русија, и повторно можеме, рече Часин.

Претставникот укажа на значајното руско муслиманско население и тврдел оти земјата ќе се „распадне одвнатре“ ако избие вооружен судир меѓу Москва и Анкара.

НАТО во петокот одржа итен состанок на кој разговараше ситуацијата во Идлиб, по барање на Турција. Претставниците во Анкара ветија дека ќе му се одмаздат на Дамаск за нападот.

Исто така, денеска рускиот претседател Владимир Путин и турскиот колега Ердоган во телефонски разговор се сложија оти е потребно да се воведат нови мерки за да се намалат тензиите и да се нормализира ситуацијата на северозападот на Сирија, соопшти Кремљ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.02.2020 - 18:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега