Турција купува 50 милиони дози кинеска вакцина против Ковид-19

Турција потпиша договор со кинеската фармацевтска компанија „Синовак Биотек” за набавка на 50 милиони дози вакцина против Ковид-19, соопшти денеска турскиот министер за здравство Фахретин Коџа.

 

Тој додаде дека испораките ќе бидат извршени во декември оваа година и јануари и февруари 2021 година.

– За нас најважно е да почнеме да даваме вакцина која е проверено ефикасна и сигурна, рече Коџа.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.11.2020 - 20:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега