Нето минималната плата во Турција од почетокот на идната година ќе изнесува 28.075 турски лири, што одговара на околу 556 евра. Одлуката ја соопшти турскиот министер за труд и социјална политика, Ведат Ишихан.
Зголемувањето на минималната плата е за 27 проценти во споредба со претходната година и ќе влијае на околу 7 милиони работници низ целата земја. Турција исто така воведува полудневна работа за државни службеници кои имаат деца. Конечната одлука за минималната плата беше постигната по три последователни состаноци на социјалните партнери, одржани на 12, 18 и 23 декември.
Работодавците кои исплаќаат минимална плата ќе бидат поддржани од државата со 1.270 турски лири или околу 25 евра по работник.

