Турција испраќа медицинска помош на Македонија за справување со коронавирусот

Турција денеска ќе и достави на Македонија помош во медицински материјали за справување со коронавирусот.

Помошта ќе биде транспортирана со авион на турската армија што треба да слета на Маѓународниот аеродром – Скопје попладне во 14:25 часот, информира Амбасадата на Турција во Скопје.

Мадицинските материјали на македонските власти ќе им ги предаде турскиот амбасадор Хасан Мехмет Секизќок.

Помошта од Турција, согласно договорот за донација меѓу двете земји, се состои од 50.000 парчиња заштитни медицински маски, 1000 заштитни скафандери, 1000 дијагностички тестови и друг медицински материјал. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.04.2020 - 08:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега