Турци направиле свадба во Австрија: Имале 700 гости, од кои најмалку 40 сега имаат коронавирус - младенците ги чека казна

Во австриската општина Шремс една турска свадба предизвикала кластер на коронавирус, чии точни размери не се познати.

Од самиот почеток организаторите на свадбата не биле чесни кон општинските власти. 

„Во општината е пријавена забава од 350 луѓе, а ги имало многу повеќе", истакнуваат од Санитетскиот штаб на Долна Австрија.

Засега од оваа свадба се регистрирани 43 заболени, а не се исклучува дека бројот значајно ќе порасне.

Имено, се претпоставува дека на свадбата имало околу 700 гости.

Претседателот на општината, Штефан Груш, го обвинил семејството за непочитување на мерките.

„Немаше целосен список на гости. Во неделата не лажеа", ги критикувал тој, додавајќи дека тоа го забавило трасирањето на контактите.

Поради таквото однесување на брачниот пар му се заканува пријава.

Острата критика дошла и од министерката за интеграција Сузана Раб, која рекла дека е неодговорно во време на глобална пандемија да се организираат толку големи прослави.

Исто така порачува дека не е прифатливо што младенците не сакале во целост соработуваат со властите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.09.2020 - 12:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега