Турчин превезувал мигранти, па изгубил контрола над возилото и удрил во оградата на автопат кај Неготино

 

Вчера на aвтопатот Демир Капија – Неготино, во непосредна близина на ТЕЦ „Неготино“, околу 13.30 часот се случила сообраќајна незгода во која патничко возило „сеат леон“, со штипски регистарски ознаки, управувано од A.O.(20) од Р.Турција, удрило во оградата на автопатот.

При извршената контрола на патниците во автомобилот се пронајдени три лица мигранти од Р.Турција.

Во непосредна близина се затекнати уште две лица од Р.Турција, со патничко возило „пежо 307“, со штипски регистарски ознаки, за кои постои основано сомнение дека се вклучени во криумчарење на мигранти.

Бил извршен увид на местото на настанот. Лицата се лишени од слобода и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.03.2020 - 11:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега