Тупанчески: Новиот закон за здруженија и фондации мора да се применува

Новиот предлог закон за здруженија и фондации на кој работи работна група во Министерството за правда можеби ќе биде добро пред да стапи на сила да биде пратен до Венецијанската комисија. Каков и да е законот, строг или лош, тој мора да се применува, тој е обврзувачки за сите, нагласи денеска министерот за правда Никола Тупанчески.

Тој, при отворањето на новата дигитална судница во Идризово, рече дека инсистира колку што е можно побрзо да биде завршен предлог законот за здруженија и фундации.

– Работната група е таа што треба да го каже зборот, се разбира дека ќе бараме и од советодавното тело, од Венецијанска комисија, потврда. Ќе мора да има европски стандард, да не заборавиме дека во моментов е започнат билатералниот скрининг којшто не ни дозволува преголема манифестација на сопствена волја, рече Тупанчески, осврнувајќи се на досегашниот закон, за којшто наведе дека бил донесен како „бај пас“, за „бајпасирање“ на состојбите и оти сите сме сведоци што се случува во моментов.

30.11.2022 - 14:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа