Туфегџиќ: Интервјуто на Заев носи повеќе штета – ги руши и напорите на бугарските интелектуалци против позициите на Бугарија

Поранешната пратеничка од редовите на СДСМ Ивана Туфегџиќ остро реагираше на интервјуто на премиерот Зоран Заев за бугарски медиум. Вели дека ваквите интервјуа повеќе носат штета отколку корист.

-Прво со наведување дека Бугарија "имала тука некаква администрација" се рушат сите напори на историската комисија.  Второ "Бугарија ни е пријател, ама Југославија не делела" е навод кој оди во насока на глупостите на Захариева дека не можеме во ЕУ, ако го славиме Тито(небаре Словенија и Хрватска имаа свечено откажување од Тито пред да влезат во ЕУ). Трето црвената линија морал да ја посочи премиерот во интервјуто, а тоа покрај јазикот, е антифашистичката борба. Антифашистичката борба е силно втемелена во македонската државност и тоа по ниеден основ не смее да се негира. И последно премиерот морал да запраша каква е позицијата на ЕУ(и ова мора да биде предмет на разговор) кон ревизионизмот кој го покажува Бугарија. Таков ревизионизам ако е толериран, тогаш фашизмот е пожив од било кога. Вакви интервјуа ги рушат и напорите на бугарската интелектуална јавност против официјалните бугарски позиции, напиша Туфегџиќ на Фејсбук.

Според неа, едно е претседателот и премиерот да имаат различни ставови но премиерот не смее да го омаловажува искуството на претседателот.

Изјави за странски медиуми како на премиерот Заев носат повеќе штета од корист. Прво со наведување дека Бугарија "имала...

Posted by Ивана Туфегџиќ on Wednesday, 25 November 2020

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.11.2020 - 18:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега