Труење со алкохол во Индија: Починаа 26 луѓе, а над 30 се во болница

 

Најмалку 26 луѓе починаа, а повеќе од 30 се хоспитализирани откако испиле домашен пијалок во западна Индија, соопштија властите.

Според владиниот претставник Мукеш Пармер, смртните случаи се случиле во областите Ахмедабад и Ботад во државата Гуџарат, каде што е забрането производството, продажбата и консумирањето алкохол.

Не е познато каква хемикалија била употребена во пијалокот, пренесува АП.

Полицијата уапсила неколку осомничени шверцери, кои учествувале во производството на алкохолен пијалок во кој била додадена хемикалија, објави новинската агенција „Press Trust of India“.

Локалниот функционер Раџ Кумар изјави за „Ројтерс“ дека е започната истрага за инцидентот.

26.07.2022 - 14:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа