Труење од чад: Девет станари од зградата во Кисела Вода во која имаше пожар завршија на Токсикологија

Како последница од труење од чад, предизвикан од пожарот што избувна попладнево во скопската населба Кисела Вода, девет (9) пациенти се хоспитализирани на Универзитетската Клиника за токсикологија, при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

-Пациентите се во добра општа состојба. Тројца пожарникари се повредени. Едниот од нив има изгореници на десната дланка и веднаш е прегледан од пластичен хирург. Другите двајца пожарникари вдишиле чад. Останатите пациенти се станари од зграда, затруени од чад, информираат од Министерството за здравство.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.06.2019 - 18:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега