Трудо дипломатски му возврати на Трамп: „Нема да се одмаздиме за блокадата на заштитни маски, ќе продолжиме да ви помагаме“

Најновото затегнување на соседските односи поради пандемијата коронавирус стига на релација Канада-Америка после одлуката на Вашинготн да забрани извоз на заштитни маски кои се произведуваат во САД, на што канадскиот премиер дипломатски одговорил потсетувајчи на начините на кои оваа земја ѝ помага на Америка.

Имено, одговарајчи му на Трамп во обраќањето на нацијата, Џастин Трудо зазел повеќе дипломатски став и рекол дека е уверен дека Канада и понатаму може да увезе заштитни маски Н95 од САД и покрај забраната за извоз и дема ќе разговара со Трамп наредните денови.

Трудо укажал дека Канада ѝ обезбедила на Америка повеќе материјали вклучувајчи и пулп за заштитни маски, материјали за тестови за коронавирус и ракавици. Тој исто така потсетил и на тоа дека канадските болничари работат во Америка на овие тешки времиња.

Меѓу дрогото Трудо, порачал меѓу редови дека Канада не зависи од Америка, истакнувајчи дека во наредните 48 часа од Кина треба да пристигне голема пратка со заштитна опрема.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.04.2020 - 12:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега