Тројцата сведоци не дојдоа на рочиштето за Топлик

 

Со сослушување сведоци денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за „Топлик“, каде првоосомничен е ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески за продажба на државно земјиште за изградба на комплексот Сончев град во Сопиште.

Претседателот на судечкиот совет Осман Шабани, на почетокот кажа дека за денешното рочиште освен двајцата присутни сведоци, биле уредно поканети уште тројца сведоци кои не се присутни и за следното рочиште ќе бидат приведени.

Првиот сведок што денеска сведочи била вработена во секторот за управување со градежно земјиште при Министерството за транспорт и врски и била заменик член на комисијата за јавно надавање за изградба на државно земјиште.

На прашања од СЈО кажа дека како заменик член на комисијата учествувала на состанок каде била разгледана доставената документација, која била некомплетна, поради што било донесено решение да не биде објавена. Констатирале дека не е комплетна и не може да се даде на јавно надавање. За тоа бил составен и записник.

 

 

 

14.09.2018 - 11:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега