Тројца заразени со Ковид-19 во Кичево, едно лице почина

Три нови лица се заразени денеска со Ковид-19 во Кичево а едно лице ја загуби битката со болеста според податоците од Министерството за здраство.

Вкупниот број заразени во општината се искачи на 83, од кои 70 се активни. Единаесет се излекувани, а две лица се починати.

-Новозаболените се во добра општа здраствена состојба. Тројцата се лекуваат во домашни услови, се разбира во изолација и под контрола на нивните матичните лекари. За жал денеска имаме и едно лице што ја загуби битката со вирусот во Кичево, рече докоторот Станко Трпески, член на Општинскиот Кризен штаб во Кичево.

Тој уште еднаш апелира до граѓаните да се држат до препораките дадени од надлежните здравствени институции.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.07.2020 - 19:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега