Лишени од слобода возачи во Ранковце, Велес и Неготино затоа што управувале возила под дејство на алкохол и со брзина поголема од дозволената

На 21.12.2025 во 09:20 часот на магистралниот Крива Паланка – Куманово, во с.Ранковце, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода Ч.С.(65) од Скопје. При контрола во сообраќајот со радар е констатирано дека управувал патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 101 километри на час на место каде максимално дозволена брзина е ограничена на 50 километри на час.

На 21.12.2025 околу 23:50 часот на ул.„Гоце Делчев“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Г.Т.(49) од Велес. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „хјундаи“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,09 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

На 22.12.2025 во 00:40 часот на ул.„Индустриска“ во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода А.А.(27) од с.Марена, кавадаречко. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,99 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

По целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Exit mobile version