Тројца тиквешани со Ковид-19 на лекување на инфективно во Велес

Тројца тиквешани со Ковид-19 се на лекување на Инфективно одделение  во Велес, четири случаи се потврдени во изминатите 24 часа, за МИА потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

-Двајца од заболените во болница се сопружници од Кавадарци, на возраст од 72 и 68 години. Хоспитализирана е и 55 годишна жена од Неготино, појасни докторот.

Позитивно на вирусот е и 21 годишно лице од Росоман. Сите биле со симптоми, никој не знаел каде се заразил. Се утврдуваат контактите, со цел нивна изолација. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.09.2020 - 15:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега