Тројца повредени полицајци во немирите пред Собрание

На Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ примени се тројца полесно повредени полицајци од протестите против францускиот предлог што вечерва се одржаа пред Собранието, потврди за МИА директорката на Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски, Нермин Шаќири.

– Бидејќи не работат рендген апаратите, полициските службеници се препратени во Клиничкиот центар на снимање, но немаат сериозни повреди, вели Шаќири.

Претходно, припадници на полицијата од терен за МИА изјавија дека покрај тројца повредени припадници на МВР, оштетено е и полициско возило

05.07.2022 - 23:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега