Тројца обвинители на дисциплинска за настаните на 27 април - не извршиле увид во Собранието

 

За тројца обвинители е покрената дисциплинска постапка поради сомнеж дека направиле пропусти во истрагата за настаните од 27- ми април цо Собрание. Од државното обвинителство за Телма потврдиле дека пред празникот е отворена дисциплинска постапка која ја води комисија.

Обвинителите се товарат дека не извршиле увид на местото на крвичниот настан, односно во Собранието каде лани на 27-ми април се случи упадот и беа повредени над 100 луѓе.

Дисциплинската постапка е отворена против раководителката и заменик раководителот во скопското обвинителство, како и против раководителот на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Во тоа време овие функции ги извршуваа Златко Биковски, во организиран криминал и Гордана Ѓешковска и Јован Цветановски во скопското обвинителство.

 

 

 

27.05.2018 - 15:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа