Трогателен момент: Германски лекар откри кои биле првите зборови на Ериксен штом ги отворил очите

За моментот кога Ериксен се онесвести среде натпревар зборува целата планета, а сега познато е кои биле неговите први зборови откако ги отворил очите.

Германскиот лекар Клајнфелд беше меѓу првите што му пријдоа на Ериксен во спасувачката операција и сега раскажа како изгледаше.

“Околу 30 секунди подоцна тој ги отвори очите и јас можев директно да разговарам со него. Тоа беше трогателен момент. Во такви итни медицински интервенции во секојдневниот живот, шансата за успех е далеку помала”, признава Клајнфелд.

„Кога Ериксен ги отвори очите, рече: ‘Проклетство, имам само 29 години.’ Веднаш знаев дека срцето на Ериксен не е оштетено ’, раскажува германскиот лекар.

17.06.2021 - 12:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега