Трипуновски: Во Македонија е увезено канцерогено млеко од Србија и пуштено во промет

На 21 септември оваа година во Македонија е увезено преку 20 тони трајно млеко од Република Србија, со рок на важност до 3-ти февруари 2024 година и истото е пуштено во промет иако во млекото е детектирано амфлатоксин М1 над максималното дозволено ниво. И со тоа истото е штетно за пиење и може да предизвика труење и други компликации по здравјето на граѓаните, истакна Цветан Трипуновски, претседател на комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова, како што вели, е резултатот од лабораторијата „врз кое што го темелиме нашето денешно тврдење“. Наодите, според него, покажуваат дека иако млекото содржи канцерогенци материи ги поминало сите контроли и како такво со штетни супстанци е дозволен влез во Република Македонија.

„Николче Бабовски е тотално промашување за АХВ. Наместо целосна контрола при увоз на храна, АХВ под раководство на Бабовски свесно пушта во употреба производи со канцерогени материи“, вели тој.

29.09.2023 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега