Трипуновски: Владата не направи ништо за лозарите, цената за килограм грозје од 4 денари е понижување за лозарите

Владата не направи ништо за лозарите, цената за килограм грозје од 4 денари е понижување за лозарите, обвини Цветан Трипунoвски од ВМРО-ДПМНЕ. Според него, ситуацијата со откупот на грозјето е алармантна.

„Сезоната на откуп на грозје веќе е во завршна фаза, а повеќе од половина од грозјето се уште не е откупено. Откуп нема, а на неколку места на кои што се откупува откупната цена е по мизерни 2 – 4 денари. Дали ова е решението кое Заев им го понуди на лозарите пред две недели? Ова е кантарната белешка од која се гледа дека сега грозјето се откупува и по 4 денари за килограм. Тоа се пари со кои што не може да се платат ниту работници, а не нешто да се заработи. Ова е класично потценување на трудот и маката на лозарите“, рече Трипуновски.

Тој вели дека лозарите од Тиквешијата се соочуваат со најлошата откупна година во последните декади и дека цената која им се нуди за килограм грозје не е доволна ниту да ги покрие основните производствени трошоци.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.09.2020 - 12:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега