Трипуновски: СДСМ и Димковски се виновни за проблемите со откуп на тутун, со измените на закон дозволија увоз на тутун

Неколку пати предупредував и кажував дека имаме нереална проценка на тутунот, поготово од Нова година па наваму. Имаме пунктови кои што се затворени, а имаат активни договори со земјоделците односно тутунарите од одредено населено место, рече дополнителниот заменик-министер за земјоделство, Цветан Трипуновски во емисијата „Економски магазин“

Посочи дека неколку пати апелирал проблемот на тутунарите да се сфатат сериозно и да им се помогне, но наидувал не несериозност од страна на сегашниот министер Трајан Димковски, кој што не сакал да ја согледа фактичката состојба на терен.

-Апелирав неколку пати до министерот, бев и на состанок кај директорот на Инспекторатот, повикував дека навистина ситуацијата е алармантна дека се потценува трудот, меѓутоа за жал не о се дочека тоа мое укажување со сериозност и едноставно се она што го кажуваше министерот со откупувачите дека се е розево, дека нема проблем се воочи дека ситуацијата не е таква. Јас кога одам на терен на пример во Прилепскиот регион се среќавав со земјоделците на сред село и разговаравме, апелиравме на помош. Но за жал Димковски кога отиде на терен се затвори во општината со одредена група на луѓе и кажува дека се е во ред, но бројките и фактите се други, изјави тој.

Дополнително како причина за проблем со откуп на тутунот, Трипуновски ги посочи токму измените на законот за тутун од страна на владата на СДСМ каде што дозволи увоз на тутун необработуван во Македонија.

-Проблемите се со измената на Законот за тутун во 2019 година, односно со измените власта дозволи увоз на ориентален тутун необработен во Република Македонија. Сега се дозволува на необработен тутун, пред мене имам фактури од компании кои што во моментот узвезуват по набавна цена од 5 евра за килограм, од Бугарија се увезува тутун во Македонија, за последните 30 дена се има увезено милион ипол кила увезено, додека македонскиот тутун не се откупува, нагласи Трипуновски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.02.2020 - 23:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега