Министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски, со остра реакција одговори на денешната прес-конференција на пратеникот од СДСМ, Љупчо Николовски, кој најави интерпелација за неговата работа. Трипуновски ја отфрли иницијативата како нелегитимна, нарекувајќи ја „безначајна“.

Во својот одговор, министерот го обвини Николовски дека политички е непостоечки, а партијата СДС дека се соочува со сериозен пад на рејтингот.

„Политички непостоиш, а партија во која си само обичен инвентар, полека ја снемува. Рејтингот ви паѓа толку ниско што го пробивте секое дно! Интерпелацијата за мене што си ја поднел е толку нелегитимна, како што ти си нелегитимен во СДС“, возврати Трипуновски.

Министерот во својата реакција упати директна критика кон претходниот ангажман на Николовски, споредувајќи ја новата интерпелација со неговото претходно искуство како министер и антикорупционер.

„Интерпелацијата ќе биде исто толку неуспешна како твојот мандат како министер за земјоделство и како антикорупционер! Толку безначајна како што беше безначајна и твојата заплената на ДУРИ 30 килограми путер“, порача Трипуновски во писменото соопштение.

Exit mobile version