Тринаесет членки на ЕУ меѓу кои и Хрватска ги договорија критериумите за ковид-пасоши

Хрватска и 12 членки на Европската Унија постигнаа договор за критериумите за издавање на т.н. ковид-пасоши, односно зелени пасоши, кои би го олесниле протокот на туристи за време на пандемијата, беше објавено денес во Виена.

„Нашата цел е да го примениме зелениот пасош бргу и, доколку е можно, во единствена форма на ниво на ЕУ“, рече австриската министерка за туризам, Елизабет Кестингер, во изјава за австриската агенција АПА.

Таа рече дека тоа е прашање на опстанок за европскиот туризам.

Хрватска, Австрија, Кипар, Данска, Франција, Германија, Грција, Италија, Малта, Португалија, Словенија и Шпанија се договорија кон крајот на март за седум критериуми за издавање зелен пасош, кој треба да почне да се применува најдоцна до почетокот на јуни.

Зелениот пасош веднаш обезбедува информации преку QR-кодот за тоа дали патникот е вакциниран, тестиран или прележал коронавирус. Ова овозможува лесна и практична примена во подрачјето на ЕУ “, рече австриската министерка.

Чувствителните здравствени податоци на сопствениците на ковид-пасош ќе останат во земјата на потекло и нема да се чуваат на ниво на ЕУ. Понатамошна цел е усогласување на примената на ковид-пасошите со трети земји.

Списокот со критериуми беше, како што беше речено, доставен на контрола до Европската комисија, која треба да донесе одлука за спроведувањето во наредните денови.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.04.2021 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега