Триесетдневен притвор за гостиварецот кај кого беше најдена поголема количина кокаин

 
Гостиварецот, кај кого при претрес на домот, полицијата најде поголема количина кокаин чија вредност е процената на триесет илјади евра, доби триесетдневен притвор.
 
Од СВР Тетово информираат дека  судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар денеска на К.Д.(43) од Гостивар му определил мерка притвор од 30 дена, по што тој е спроведен во Казнено-поправната установа затвор „Скопје“ во Скопје.
 
Гостиварецот К.Д. е осомничен за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
 
При претрес извршен вчера со судска наредба во неговиот дом бил пронајден и одземен кокаин, чија цена се проценува на околу 30 илјади евра.
22.03.2023 - 20:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега