Триесетдневен домашен притвор за Јанакиески
Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески доби 30 дена домашен притвор за случајот „ТНТ“.
За овој случај Јанакиески досега не бил во притвор.
Јанакиески, кој е обвинет во повеќе случаи на СЈО, е во притвор повеќе од две и пол години. Досега три-четири пати беше спроведуван во Шутка.
Случајот „ТНТ" се однесува за уривањето на комплексот „Космос" на инвеститорот Фијат Цановски.
За делото се обвинети повеќе лица, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на Општина Гази Баба Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на екс премиерот Никола Груевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа