Тридневна жалост во Аргентина по смртта на Марадона

Претседателот на Аргентина, Алберто Фернандез, прогласи тридневна жалост поради смртта на легендарниот фудбалер Диего Армандо Марадона.

Марадона почина денеска во својот дом во предградие на Буенос Аирес од срцев удар.

Со едноминутно молчење ќе биде оддадена почит поради смртта на аргентинскиот фудбалер Диего Марадона денеска на натпреварите од Лигата на шампионите, соопшти УЕФА. Во Лигата на шампиони денеска има осум натпревари.

Една од најголемите фудбалски легенди, поранешниот бразилски репрезентативец Едсон Арантес до Насименто, попознат како Пеле, изрази жалење за смртта на Диего Марадона.

„Дефинитивно ќе ја шутираме топката на небото заедно еден ден“, рече Пеле во кратката изјава дадена од неговиот претставник за британски медиуми.

Марадона почина денеска на 60-годишна возраст. Се бореше со здравствени проблеми во последно време, а пред неколку недели беше подложен на операција за субдермален хематом на мозокот. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.11.2020 - 19:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега