Тридневна воена диета - изгубете 4 килограми за 3 дена

Воената диета е една од најпопуларните, брзи диети поради неверојатни резултати за прилично краток период

Таа се темели на мали оброци кои се направени да ви дадат видливи резултати со согорување на вишокот масти и забрзување на метаболизмот со што би можеле да изгубите и до 4 килограми во само 3 дена.

Бројот на калории кои се дозволени со оваа диета е прилично низок во споредба со останатите диети и изнесува само 1.000 калории на ден.

Сепак, доколку се одлучите да го примените овој начин на слабеење, се препорачува претходно да се консултирате со доктор и да се уверите дека сте во добра здравствена состојба за да ја поднесете ригорозната диета.

Диетата трае три дена во неделата со калориска рестрикција до 1.000 калории дневно, а по истекувањето на тие три дена се прави пауза од 4 дена кога се препорачува внесување на 1.500 калории на ден.

Доколку сакате да изгубите поголем број на килограми можете да ја повторите диетата, но сепак овој ригорозен начин на исхрана не се препорачува за подолг временски период.

Во продолжение погледнете пример за тридневно мени. 

Прв ден

Појадок

Пола грејпфрут, парче тост со две лажички путер од кикирики, кафе и чај.

Ручек

Пола шолја туна, парче тост, кафе или чај.

Вечера

80 грама било какво месо, шолја грашок, пола банана, малку јаболка и шолја сладолед од ванила

Втор ден

Појадок

Јајца, пола банана, парче тост.

 

Ручек

Шолја свежо сирење, тврдо варено јајце и пет солени крекери

Вечера

Две виршли, шолја брокули, пола шолја рендани моркови, пола банана и пола шолја сладолед од ванила

Трет ден

Појадок

Кафе или чај со едно до две лажички засладувач, пет солени крекери, 25 грама сирење и една помала јаболка

Ручек

Тврдо варено јајце и една кришка тост

Вечера

Шолја туна, пола банана и една шолја сладолед од ванила.

Напомена

Вода можете да пиете колку сакате. Ако строго се придржувате на диетата можете да изгубите четири килограми. Но, пред да ја почнете, консултирајте се со матичниот лекар.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.03.2019 - 17:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега